Економија, финансии, бизнис

Контакт

Левица:Со секој притворен власта превизвикува контраефект

Левица:Со секој притворен власта превизвикува контраефект

Од Левица по повод апсењето на нивниот член, Здравко Савевски рекоа дека целта е да се угуши народниот револт кој станува се помасовен.

Димитар Апасиев од Левица вели дека со секој притворен власта превизвикува контраефект, односно дека протестите ќе бидат се помасовни. Тие испратија три пораки до надлежните.

„До министерот и заменик министерот за внатрешни работи да ги евидентираат, но да не ги процесуираат овие кривични пријави додека не заврши оваа политичка криза. Јавното обвинителство да не бара притвори за овие предмети и до судијата, не до судот, туку конкретниот судија кај кого ќе се падне овој предмет под ниту еден основ да не оределува мерка притвор, туку да остави правдата да се спроведува без суптилни притисоци“ - рече Апасиев.

Членови на Левицата носеа транспарент  на кој пишуваше „Апсете демонстранти, помилувате криминалци“.

Слично

Поврзани вести