Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛЕВИЦА: Орелот и крстот се веќе прочитано сценарио!

ЛЕВИЦА: Орелот и крстот се веќе прочитано сценарио!

Новоформираната политичка партија, ЛЕВИЦА во сабота на Скопско Кале ќе одржи прес-конференција посветена на тензиите околу изградбата на 55-метарскиот крст во Бутел, но и двоглавиот орел во Чаир.

- Фарсата во режија на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ со поставувањето на Орелот во Чаир и Крстот во Бутел е веќе прочитано сценарио. Истото сценарио беше применето во 2011 година со градењето и рушењето на таканаречената „музеј-црква“ на Скопското кале. Но ваквите сценарија повеќе не поминуваат кај граѓаните на Македонија. Повеќе не може толку евтино да се потпалува национализмот. Нашиот народ, и Македонците и Албанците, осозреа во меѓувреме. И Левица се гордее што е така.” – стои во поканата за пресот на партијата.

Слично

Поврзани вести