Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛЕВИЦА официјално нова партија на политичката сцена

ЛЕВИЦА официјално нова партија на политичката сцена

На политичката сцена во Македонија се формира нова партија, Левица, зад која стојат членови на левичарските движења „Ленка“ и „Солидарност“.

Од партијата информираат дека собрани се 10 000 потписи за нејзина регистрација, за која ќе се одржи прес конференција пред Основниот суд 2 по повод поднесувањето на документите.

„Досегашните политички партии намерно го направија тежок процесот на регистрирање нова партија со цел да спречат загрозување на своите позиции на моќ. Процесот особено е замислен да го отежни или оневозможи регистрирањето на нова партија за оние зад кои не стојат финансиски „спонзори“ од ваков или таков тип. Но, Иницијативниот одбор на Левица успеа! И покрај сите финансиски и административни бариери успеа да ги собере потребните 1.000 потписи и да ги комплетира сите документи потребни за регистрација.” – се вели во соопштението на Левица.

Партијата ќе се залага за работнички права и за социјална правда, за демократизација на сите сфери на живеењето и ќе се бори против меѓуетничките бариери и национализмот.

Слично

Поврзани вести