Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛЕВИЦА ќе биде партија за народот

ЛЕВИЦА ќе биде партија за народот

Новоформираната политичка партија „Левица” ќе се залага за работнички права и социјална правда и за демократизација на сите сфери на општественото живеење, велат од партијата.

Нејзе ја формираа членови од „Левица“ја формираат членови на Движењето за социјална правда „Ленка“, дел од членството на левичарското движење „Солидарност“, Комунистичка партија на Македонија, синдикалци, активисти и поединци и левичари.

„Очекуваме поддршка на сите кои досега сме им ја дале нашата поддршка, младите невработени луѓе, прекаријатот, хонорарците, стечајците, работниците итн” рече на денешната прес-конференција активистот Димитар Апасиев и член на новата партија.

Тие сметаат дека ако не формирале партија ќе разочараа многу луѓе кои имале очекувања од нив.

„Денес македонскиот работник како никогаш досега се наоѓа во многу тешка социјална економска состојба. Тој е обесхрабрен, незаштитен и недоволно платен, а од друга страна преку собирањето на арач од извршителите е се посиромашен. Од тие причини ние мислиме дека се уште дека има потреба од појавување на ваква политичка партија која дава шанса на граѓаните и граѓанките да го дадат својот глас за оние кои докажаа како се брани нивниот глас" - истакна Марјан Ристевски.

Иако партијатабсе соочувала со големи административни бариери, тие најавуваат дека од понеделник почнуваат со собирање потписи за потребното членство, кое според нив сигурни се дека ќе го добијат.

Слично

Поврзани вести