Левица: Граѓаните да го кренат својот глас
Новата партија Левица ги повикува сите свои симпатизери и сите граѓани на Македонија, денеска во 18 часот пред Владата да го кренат својот глас.
Сметаат дека владејачката елита е подготвена да отиде предалеку во намерата да се спаси себеси и да ги прикрие своите криминални дејствија.
„За таа намена, овојпат посегнаа по врховниот чувар на правниот систем, Уставниот суд. Срамната одлука за амнестирање на изборните криминали, ќе биде уште еден крунски доказ за тоа дека оваа држава од ден на ден е се` повеќе отуѓена од народот и дека истата е окупирана од страна на тесно владеачко малцинство, кое државата ја злоупотребува за тесни, лични интереси. Исто така, ова е доказ за длабоката корумпираност на голем дел од судската фела која свесно ги крши Уставот и законите на Република Македонија и се вбројува во редот на оние што го штитат криминалот и корупцијата, оправдувајќи го заложништвото во кое сите ние обичните луѓе сме ставени“- велат од Левицата.
Суверенитетот извира и му припаѓа на народот и тој има должност да дава отпор против ваквиот атак на правниот поредок, додаваат во соопштението.
Слично
