Економија, финансии, бизнис

Контакт

Левица: Членка на нашиот Централен комитет е нападната по протестот

Левица: Членка на нашиот Централен комитет е нападната по протестот

Од Левица тврдат дека синоќа по протестот, околу 1.30 часот по полноќ, додека се враќала кон својот дом, била нападната девојка членка на нивниот Централен комитет.

Според нив, таа била пресретната во темна уличка од две машки лица кои носеле маскирни капи.

„Лицата ѝ пришле, викајќи ѝ: „Ќе видите вие дали нема правда!“ – по што ја удриле неколку пати, нанесувајќи ѝ лесни телесни повреди. Тоа е вистинското лице на овој монструозен режим! Групи маскирани насилници напаѓаат лица кои се борат за правда, користејќи го уставно гарантираното право на протест! Затоа режимот мора да падне! Затоа мора да истраеме во борбата!“ - реагираат од Левица.

Додаваат дека режимот мора да падне за да не се плашат луѓето да се движат кон своите домови.

Слично

Поврзани вести