Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Левица“:Борбата не завршува, меѓународниот фактор нема да ни ја заврши работата

„Левица“:Борбата не завршува, меѓународниот фактор нема да ни ја заврши работата

Партијата „Левица“ ги поздравува сите граѓани на Македонија што се вклучија во протестите, но предупредува дека борбата не завршува и порачува дека граѓаните не треба да се надеваат дека меѓународниот фактор ќе им ја заврши работата.

„Покажавме дека заедно сме посилни, покажавме дека заедно можеме да успееме! Но, истовремено предупредуваме дека борбата не е завршена. Не смее да дојде до опуштање, не смееме да ја повториме грешката од лани, кога се понадевавме дека меѓународниот фактор ќе ни ја заврши работата за нас. Ова е наша најголема прилика да ја вратиме демократијата, но можеби и наша последна прилика. Тоа не смееме да го изгубиме од вид“- стои  во соопштението од партијата.

Според „Левица“ повлекувањето на одлуката за избори на 5 јуни е само едно од нивните барања, но уште не се исполнети другите нивни барања, а најважното е целосно повлекување на аболицијата.

Слично

Поврзани вести