Економија, финансии, бизнис

Контакт

Левица: Зголемувањето на основната каматна стапка само ќе ги зголеми профитите на банките

Левица: Зголемувањето на основната каматна стапка само ќе ги зголеми профитите на банките

Левица излезе со реакција по зголемувањето на основната каматна стапка на 4,25 отсто од страна на Народна банка, со коментар дека станува збор за мерка која ќе ги зголеми уште повеќе профитите на банките, а нема да донесе намалување на инфлацијата.

„Особено загрижува фактот што банките во Македонија и понатаму остваруваат рекордни профити додека граѓаните се соочуваат со повисоки камати, растечки банкарски провизии и се потежок пристап до финансии. Во такви услови, зголемувањето на референтната каматна стапка дополнително ја зајакнува профитабилноста на банкарскиот сектор а не економската стабилност на државата. 

Левица предупредува дека инфлацијата во Македонија e профитно поттикната инфлација. Во услови на економска нестабилност и зголемени трошоци, дел од големите компании ги користат пазарните нарушувања како можност за дополнително зголемување на цените при што растот на цените во одредени сектори го надминува реалниот раст на трошоците за производство. Дополнително, постоењето на силна пазарна концентрација во одредени индустрии овозможува олигополско и монополско однесување кое придонесува кон одржување на високи цени. 

Во исто време, енергетските шокови и зависноста од увоз дополнително ја влошуваат ценовната нестабилност“, се наведува во соопштението. 

Во тој контекст, велат од Левица, исклучиво монетарните мерки се недоволни за адресирање на причините за инфлацијата и справување со истата. 

„Потребен е поширок економски пристап кој опфаќа сет на дополнителни економски полтики вклучително и: воведување на контрола на цените на основните производи, прогресивно оданочување на добивките на компаниите за да се намали прекумерната концентрација на профит, зајакнување на антимонополските политики и регулаторните механизми како и зголемени државни инвестиции во домашно производство и енергетска независност. Само комбиниран пристап на регулација, инвестиции и социјална политика може да обезбеди долгорочна стабилизација на цените без да се наруши економската кохезија. Во спротивно економските политики ризикуваат да ја намалат стабилноста без да обезбедат ефективна контрола врз инфлацијата“, велат од Левица. 

Слично

Поврзани вести