ЛЕВИЦА: Уставниот суд ги врати работниците во 19-ти век
Уставниот суд вчера одлучи да не поведува постапка за иницијативата поднесена од Левица, со која ги оспоруваат законските одредби за работниците да работат повеќе од 72 часа неделно, велат од партијата.
Ваквата скандалозна одлука е, како што велат, единствено, во корист на контроверзниот конзорциум ,Бехтел и Енка, со што Македонија, де факто, станува колонија на странскиот капитал.
Потсетуваат дека Левица е единствена партија, која го оспори овој закон пред Уставен суд, со што се потврди фактот дека сите други партии се во служба на домашните и странските моќници.
Според Левица, Уставниот суд наместо да ги штити правата и слободите на граѓаните, коишто се загарантирани со Уставот и законите, се стави на страната на капиталот и мафијашките анти-државни политики на ДУИ и СДС.
