Економија, финансии, бизнис

Контакт

Левица ќе бара намалување на провизите на банките: Ниту со електронското банкарство не се намалија

Левица ќе бара намалување на провизите на банките: Ниту со електронското банкарство не се намалија

Левица денеска најави дека ќе иницира предлог-законско решение со кое кај деловните банки ќе се намалат провизиите, нивниот втор најголем извор на финансирање покрај каматите.
Според партијата на Димитар Апасиев, профитабилноста во 2021 година е зголемена за повеќе од 20 отсто кај комерцијалните банки, а ваквата добивка е резултат најмногу поради зголемените приходи од провизии и надоместоци, кои се повисоки за околу 18,5 проценти.

„И покрај тоа што во пандемиската 2020-та година, граѓаните масовно почнаа да користат електронско банкарство, приходите за провизии се многу повисоки во 2021-ва, што не кореспондира со начинот на плаќање. Граѓаните сè повеќе ги плаќаат сметките преку веб страниците на компаниите чии услуги ги користат, а овој начин на плаќање не генерира трошоци за провизија.

Левица ќе предложи законско решение за намалување на провизиите и надоместоците и нивно ограничување, со што овие навидум „безначајни“ трошоци, ќе останат во буџетот на граѓаните“, се огласи препладнево оваа партија.

Од Левица апелираат и останатите парламентарни партии да го поддржат предлогот и, како што велат, за прв пат да застанат во одбрана на интересите на обичните граѓани, а не да бидат во служба на лихварската елита и нивниот капитал.


Слично

Поврзани вести