ЛЕТОВО ВНИМАВАЈТЕ: Солени казни ако шетате голи по улиците на Дубровник
Глоба во износ од 1.000 хрватски куни (околу 130 евра) ќе биде казната ако шетате голи по улиците на Дубровник ова лето.
Ако не платите на место, ќе добие парична казна од 2.500 куни или 300 евра.
Казните ќе се применуваат од оваа година, како за туристи, така и за локалното население, кои ќе бидат забележани без соодветна облека во историскиот дел на Дубровник, пишува „Слободна Далмација“.
Санкциите се донесоа откако минатата летна сезона беа забележани премногу голи туристи кои го разгледувале градот по премногу кратки костими за капење. По случката оваа година градската управа одлучи да г санкциониора таквото „недолично однесување“.
Слично
