Летови за Прага, а ќе се отворат уште три нови дестинации!
Како што Фактор веќе објави авиокомпанијата “Чех Ерлајнс“ ја обнови редовната авионска линија Скопје – Прага. Тоа ќе почне да функционира од 20 мај годинава со три лета неделно.
Алпер Ерсој, заменик-генерален директор за операции на ТАВ Македонија, неодамна во интервју за Фактор најави повеќе нови дестинации во 2016 та година.
„Постојано работиме на привлекување нови авиокомпании, отворање на нови дестинации и зголемување на бројот на фрекфенции на постоечките линии.
Во 2016 година, како што веќе најавивме, благодарение на обновената соработка меѓу ЧеХ ерлајнс што е направено од страна на ТАВ холдингот, Скопје ќе биде повторно поврзан со Прага. Од 20.мај Чех ерлајнс ќе почне да лета на релација Скопје-Прага три пати неделно, а картите за оваа линија се веќе во продажба“, изјави Ерсој.
Билетот во еден правец ќе чини 85 евра, а за повратен 159 евра.
Како резултат на мерките за поддршка на авиобизнисот, воспоставени се нови 20 на линии до европските дестинации по цена што се смета за достапна и поволна.
Од март годинава, нискобуџетната авиокомпанија Визер, ќе ги отвори трите нови линии од скопскиот аеродром, за Берлин, Копенхаген и Братислава.
Слично
