Економија, финансии, бизнис

Контакт

Летни жештини во цел регион

Летни жештини во цел регион

 Во Албанија, Босна и Херцеговина и Србија денеска беа регистрирани температури над 30 степени и висок индекс на УВ зрачење. Експертите со совети како на среде лето, луѓето да не излегуваат надвор кога времето е најтопло и да примаат многу течности.

Денеска во Албанија температурата се искачи до 31 степен. Во Босна и Херцеговина исто така се регистрирани летни температури, а во Бања Лука беа измерени 31 степен.

И во Србија неколку дена температурата е околу 30 степени, а според метеролозите времето ќе биде топло до крајот на неделата.

Слично

Поврзани вести