Летни попусти во Грција од 15 јули
Грчките трговци се подготвуваат за големите летни попусти кои традиционално започнуваат на 15 јули, а траат до крајот на август.
Со специјални инструкции, Националната конфедерација на грчки комори ги потсетува нејзините членки на обврските за продажба во време на попуст, кои се предвидени со закон.
Имено, грчките трговци на сите производи мора да истакнат две цени - една пред распродажба, која вообичаено е прецртана, и друга цена со попуст.
Процентот на попустот можат, но и не мора да го истакнуваат. Но, затоа лажните попусти и измамите со проценти се казнуваат со големи парични казни.
Слично
