Економија, финансии, бизнис

Контакт

Летна уште една премиерска глава во Романија

Летна уште една премиерска глава во Романија

Во Романија продолжува трендот на кратки премиерски кариери, што од притисок на народот, што од борбата на органите против корупцијата, но и од брзите политички и партиски промени. 

Откако не доби доверба романскиот премиер Михаи Тудосе беше принуден да си поднесе оставка, а против него гласаше и сопствената Социјалдемократска партија која не го поддржа. Со тоа тој стана втор премиер на Романија за помалку од седум месеци кого партијата го смени од власт.

Романската владејачка Социјалдемокартска партија денеска одржа состанок за да разгледа дали ќе продолжи да го поддржува премиерот Михаи Тудосе, кој има несогласувања со лидерот на таа партија Ливиу Драгнеа, кој, пак, не може да биде премиер бидејќи е осуден за фалсификување избори.

Заменик премиерот Пол Станеску ќе биде в.д. претседател на Владата се додека не се избере нов владин состав за која социјалдемократите тврдат дека ќе има нов пристап и ќе го исполни очекуваното темпо на реформи во земјата. 

Предлогот за нов кандидат за претседател на владата ќе мора да биде одобрен и од страна на романскиот претседател Клаус Јоханис.

Слично

Поврзани вести