Летале столици, паѓале керамиди: Силен дожд и град како орев ја погоди Србија
Ниш, Пирот, Чуприја, Крушевац, Бор, Крагуевац се погодени силно од невремето со град кое ја зафати Србија вчера попладнето. Врнело обилен дожд и како што јавуваат српските медиуми, реки течеле низ улиците, а во некои делови паѓал град со големина на орев.
Според репортерот на „Блиц“, град со големина на лешник паднал во градот на Нишава.
Многу улици биле претворени во реки и потоци, а Танјуг извести дека се поплавени подрумите во зградата каде се одржува музичкиот фестивал во Нишвил.
Во нишката општина Палилула, според граѓаните, не било можно да се пристапи до некои куќи поради големата количина на вода, пренесе „Јужни вести“.
Во Ниш, за околу дваесет минути наврнале дури 7,5 литри дожд на метар квадратен. Многу граѓани се пожалија дека градот им ги оштетил автомобилите, пренесе РТС.
Источниот крак на Коридорот 10 на автопатот кон Пирот и Димитровград беше поплавен поради дождот. Било невозможно да се вози, па возачите ги паркирале возилата во лентата за застанување додека траела катастрофата.
Долината Пирот, на потегот помеѓу Мали и Велики Јовановац, Велики Село и Коридор, била погодена од силното невреме околу 16,30 часот, пишува Пулсонлајн.
- Во еден момент се чинеше како облаците и земјата да се спојуваат. Силниот ветер носеше сè пред себе, ги кршеше дрвјата, тополите беа скршени. Паѓаше град, оранжериите се искинати. Маси и столови летаа околу дворот. Плочки паѓаа од покривите - рече Ивана Гогиќ од Велико Село.
Срѓан Чириќ од Крупач, кој има градина во близина на Мали Јовановац, зборува со вознемирен глас.
- Сè ни уништи. Уништени се повеќе од 80 проценти од зеленчукот. Нема пиперки, домати, искршени се гранките од овошје. Сето тоа ни се случи. Селанецот никогаш не е безбеден! - вели Чириќ.
