Летајќи од Стразбур, авионот на премиерот Груевски слета принудно во Цирих
Владиниот авион со кој македонската делегација предводена од премиерот Никола Груевски се враќаше од посета во Стразбур, имаше принудно слетување во швајцарскиот град Цирих.
Владиниот портпарол истакна дека премиерот и останатите патници на авионот се добро, а надлежните служби ја испитуваат причината за инцидентот.
Според првичните информации, авионот слетал принудно поради декомпресија.
За време на летот патниците слушнале силен и продорен звук, а потоа нагло се променил внатрешниот притисок, а пилотот веднаш се обидел да ја намали висината и да слета безбедно со авионот на најблискиот аеродром.
Авионот е испратен на поправка во Нирнберг.
Слично
