Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛЕТААТ 10 ПАТИ ПОБРЗО ОД ЗВУКОТ: Русија употребила хиперсонични ракети, објави Министерството за одбрана

ЛЕТААТ 10 ПАТИ ПОБРЗО ОД ЗВУКОТ: Русија употребила хиперсонични ракети, објави Министерството за одбрана

Русија ги употреби своите најнови хиперсонични ракети Кинжал за прв пат во петокот во Украина за да уништи складиште за оружје во западниот дел на земјата, соопшти Министерството за одбрана.

Русија никогаш досега не признала дека користела високопрецизно оружје во борби, а државната новинска агенција РИА Новости објави дека тоа е прва употреба на хиперсоничното оружје Кинжал за време на конфликтот во прозападна Украина.

„Авијацискиот ракетен систем Кинжал со хиперсонични аеробалистички ракети уништи голем подземен склад со проектили и авијација во селото Делијатин во областа Ивано-Франковск“, соопшти во саботата руското Министерство за одбрана.

Портпаролот на Министерството за одбрана одби да коментира за АФП.

Рускиот претседател Владимир Путин ја нарече ракетата Кинжал (Кама) „идеално оружје“ што лета со брзина 10 пати поголема од брзината на звукот и може да ги надмине системите за противвоздушна одбрана.


Слично

Поврзани вести