Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛЕТАА НИЗ ХОДНИЦИТЕ И ВЛЕГОА ВО СОБИТЕ НА ПАЦИЕНТИТЕ, ЛИЛЈАЦИ ЈА НАПАДНАА ЗАГРЕПСКА „ТРАУМАТОЛОГИЈА“: Настанот станува „традиција“

ЛЕТАА НИЗ ХОДНИЦИТЕ И ВЛЕГОА ВО СОБИТЕ НА ПАЦИЕНТИТЕ, ЛИЛЈАЦИ ЈА НАПАДНАА ЗАГРЕПСКА „ТРАУМАТОЛОГИЈА“: Настанот станува „традиција“

На клиниката за трауматологија во Загреб стана традиција да се интеревенира кога влетуваат десетици залутани лилјаци. Загрепчанецот Азил Думовец во објава на Фејсбук информирашер дека повторно презема активности за оваа невообичаена појава која прераснува во традиција секој август

„Во август традиционално ја посетуваме клиниката за трауматологија на улицата Драшковиќева. Причината е позната – лилјаци влетаа во болницата. Овој пат летаа низ ходникот, соблекувалната и просторијата во која се сместени пациентите. Успеавме да фатиме 20 лилјаци, а ако подоцна биде забележан уште некој, повторно ќе се вратиме во болница.

Уловените лилјаци ги транспортиравме на преглед во центарот за закрепнување на диви животни во Зоолошката градина-Град Загреб“, известија од ова познато загрепско прифатилиште за запуштени животни.

Тие ги поканија родителите кои сакаат да ги запознаат нивните  деца со светот на единствените летечки цицачи да ги донесат на „Ноќта на лилјаците“ што ќе се одржи во Загребската зоолошка градина во сабота, на 27 август, од 7 до 22 часот.


Слично

Поврзани вести