Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛЕСНО НАОЃААТ РАБОТА, А ИМААТ И НАЈГОЛЕМА ПЛАТА: Зошто е добро да се биде програмер во Македонија

ЛЕСНО НАОЃААТ РАБОТА, А ИМААТ И НАЈГОЛЕМА ПЛАТА: Зошто е добро да се биде програмер во Македонија

Возбудлива, флексибилна, модерна, но и една од најплатените професии во светот е програмирањето.

Со оваа вештина можеш да изградиш некои, навистина неверојатни работи и некогаш да го направиш тоа што сите го сметале за невозможно.

За да станете програмер потребно е истото она кое го правите кога градите било каква друга кариера. Работата е тоа што го одредува успехот, а не талентот. Но, и покрај оваа неоспорна вистина, општеството има погрешна претстава за програмирањето и верува дека тоа е индустрија исклучиво за посебни луѓе, бубалици математички генијалци и неверојатни умови! 

Дефинитивно една од најплатените професии...

Така е во светот, ама и кај нас.

Компјутерџиите ги земаат едни од најголемите плати.Тие може да се пофалат со највисока плата која во декември изнесувала 96.332 денари.

Работа која има голема побарувачка и многу можности

Веројатно најдобрата причина зошто да станеш програмер. Можностите за вработување се речиси бесконечни.

Тоа е така бидејќи светот во кој живеме се повеќе се дигитализира и ние како општество стануваме се позависни од технологијата. Затоа има се поголема потреба од програмери и се повеќе вакви работни позиции се отвараат.

Слично

Поврзани вести