Лери Вилијамс: Не брзајте да влезете во некоја зделка, тоа ќе ве убие
Гледај пред да скокнеш , е нешто на што треба да се научиме како трговци, коментира Лери Вилијамс од Larry Williams University. Убеден сум дека сум изгубил многу пари или сум имал повеќе последователни порази, кога сум влегувал премногу рано, наместо ако бев влегол предоцна.
Требаше да погледнам подобро , пред да скокнам во овие договори , коментира Вилијамс . Ова е реален проблем кој навистина го имам, а сигурен сум дека и вие го имате , ако немате доволно искуство. Моќта да правиш пари за луѓето како нас е поголема од потенцијалниот ризик . Нас нè води повеќе алчноста отколку стравот .
Сме се научиле да гледаме што пазарот има намера да направи. Сме се научиле да ги претскажуваме работите и да гледаме напред . Затоа, повеќе се плашиме да не ги загубиме парите кои „можеше да ги заработиме“, отколку оние што ни се во џебовите. Тоа е емоционалната Ахилова пета на трговците . Штом успеете да ја надминете, тогаш ќе станете навистина успешен, додава Вилијамс .
Мене ми помага најмногу да имам листа, која вклучува најмалку 3 од 4 елементи на победничкиот договор. Не е во мојата листа? Тогаш едноставно не правам трансакција. Листата ми е потребна, за да сум сигурен дека не сум „каубојски камикази". Тоа ми помага да ги заборавам своите емоции и да ја користам својата стратегија. Тоа е малку како ловење.
Влегувањето во играта веднаш има три важни чекори ; првиот е да земете здив , второ - да се стремите и трето - да стискате на чкрапалото. Не можете да избрзате при некој од чекорите ... на ист начин е и при тргувањето. Научив да чекам, да бидам претпазлив , да сфатам дека секоја моја зделка која сум ја направил во животот , е тргната против мене , што значи дека во 98% од случаите сум имал и подобар влез.
Сигурно , колку повеќе емоционален сум бил , толку полош бил мојот влез . Обидите да се спречи оваа грешка се многу тешки за исполнување. Дали навистина стравот од тоа да не загубиме пари нè тера да делуваме премногу брзо, да скокаме пред да погледнеме?
Имајте во предвид дека многу пари се заработуваат со тргување и ќе има доволно други зделки зад аголот. За поголем профит научете се да чекате, советува Вилијамс .
Слично
