Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лепа Брена доживеала тешка несреќа на пат за Макарска

Лепа Брена доживеала тешка несреќа на пат за Макарска
Српската пејачка Лепа Брена доживеала несреќа во Хрватска, при што скршении се двете раце. Во тек е оперативен зафат во специјалната болница во Ловран. Информациите на хрватските и српските медиуми се контрадикторни. Според едни таа доживеала сообраќајна несреќа, а според други повредите ги здобила при незгодно паѓање. За време на несреќата, пејачката била на пат за хрватското приморје, кон Макарска, каде што вечерва требало да настапува. Сите нејзини настапи се откажани. „Должност ми е да ве известам дека Лепа Брена утрово доживеа несреќа. На пат за Макарска, каде требаше да одржи два распродадени концерти вечерва и утре во дискотеката Петар Пан, Брена тешко се повреди. Повредите се тешки, скршени и се двете раце, а Брена е итно хоспитализирана и во тек е нејзина операција“, информираше портпаролот на пејачката.
Слично

Поврзани вести