Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛЕНКА:Згрозени сме од забраните за протест

ЛЕНКА:Згрозени сме од забраните за протест
Згрозени сме од бесрамноста на одредени организации и поединци кои се осмелија на најподмолен начин да забранат еден автентичен народен протест, протест за достоинствен живот на секој граѓанин и подобрување на животниот стандард – протест против поскапувањата, пишува во последното соопштение испратено до медиумите попладнево од страна на движењето на социјална правда ЛЕНКА. Оттаму потенцираат дека слободата на изразување револт против неправдите, слободата на протест е сериозно загрозена, истакнувајки дека најостро ги осудуваат обидите за заплашувања и закани кон активистите на „АМАН“ поради што ја изразуваат подршката во одбрана на една од основните слободи и методи на борба против нееднаквоста – правото на протест. Движењето за социјална правда – ЛЕНКА најавува дека и утре како и досега, ќе присуствува на протестот против поскапувањата, кој овој пат ќе биде исто така и протест за зачувување на правото на протестирање.    
Слично

Поврзани вести