,,Ленка” бара една изборни единица
Од движењето за социјална правда ,,Ленка" апелираат за промена на изборниот модел и формирање на една изборна единица. Тие ја предупредија јавноста за можноста од предизборни манипулативни и популистички потфати на власта.
-Во однос на договорените услови за наредните парламентарни избори, сметаме дека најголем проблем е изборниот модел кој се практикува во Р. Македонија која е поделена на шест изборни единици. Овој модел ја попречува појавата и освојувањето пратенички места на помалите партиии воопшто не ја одразува вистинската волја на граѓаните во однос на нивното претставништво во народното собрание. Затоа ДСП „Ленка“ бара итно воведување на нов изборен модел и прогласување на целата територија на РМ за една изборна единица, бараат од „Ленка“.
Од здружението бараат распределбата на мандатите на пратениците во Собранието да биде соодветна со процентот на освоените гласови и кандидатските листи да бидат отворени.
Исто така, од ,,Ленка" апелираат да се воведе императивен (лимитиран/отповиклив) пратенички мандат за народните претставници.
Слично
