Ленче Здравкин: Хероина на нашето време!
Велешанката Ленче Здравкин која уште со првиот бран на мигранти несебично го отвори својот дом и им пружи помош на бегалците, за нив но и за македонската јавност стана вистински синоним за хуманост. Она што многумина сакаа, таа го направи. Им подаде рака-кога им беше најтешко. Гладни и преморени, се сеќава таа, секојдневно илјадници мигранти поминувале пред нејзиниот дом кој се наоѓа во близина на железничката станица во Велес.
Најочајна, вели била сликата кога мајки со нивните бебиња и мали дечиња, исцрпени, без познавање на ниту еден збор англиски за полесно да се разберат, со поглед ја молеле за помош. Таа слика раскажува Здравкин, неможе да ја заборави. Тие моменти вели направиле пресвртница во нејзиниот живот, па до денес секојдневно е на пат Велес-Гевгелија, да им помогне онака како што знае и умее.
“Неможев а да не реагирам на плачот на децата. Јас имам двегодишно внуче, кое го гледам во секое детенце меѓу мигрантите. Сочувствувам со нив и нивната судбина. Стравот во очите на дечињата и нивните мајки ме погодува најмногу. Несакам ниту да помислам како би му било на човек да се најде во иста ситуација со нив, дали тогаш би посакале некој нам да ни се најде во најтешките моменти. Нивната благодарност и солзите во нивните очи кои мислам дека никогаш не секнуваат, неможе да ве остават рамнодушен. Веќе со недели јас сум на релација Велес-Гевгелија. На домашните им кажав дека мора да помогнам, да бидам на терен, заедно со мигрантите. Тие имаат целосно разбирање, а јас сум среќна и исполнета бидејќи знам дека правам добрина. Тоа знаете, денеска е подзаборавено кај граѓаните, има навистина и многу хумани луѓе кои исто така помагаат на свој начин. Но не смееме да заборавиме дека големината на човекот е да помогне кога на друг му е најтешко. Во лесно и комфорно, сите знаеме како да живееме”-вели Здравкин.
Нивните судбини вели таа се очајни. Едно е она што се пренесува како информација, а друго е кога одблиску ќе се видат овие луѓе. Мигрантите објаснува, се заглавени во меѓузоната на јужната и на северната граница. Таму како што вели е најтешко и најхаотично.
“И по неколку дена се без храна и вода. Раскажуваат како им ги убивале најблиските, куќите им се срамнети со земја. Ужасите од војната оставаат големи трауми кај секој од нив. Сега бараат само начин како да избегаат од сигурна смрт. Нема што да изгубат, со едно ранче заминуваат да побараат мирен живот некаде далеку. Ние сме на крстосницата, да им помогнеме, онолку колку што можеме и умееме. Изгладнети се и истоштени, со рани по нозете,мајки со бебиња кои со денови не се избањати. Замислете го тоа на овие температури. Помагаме со храна, вода и хигиенски средства, облека. Барем за миг да ги заборават тешкотиите, препреките кои им стојат на патот”-објаснува Здравкин.
Таа денеска повторно се подготвува да замине со возот за Гевгелија. Таму останува до доцна. Раскажува дека дневно се пуштаат по неколку вагони, за да не се прави гужва и да можат да извадат документи, спијат и по ходниците, само да бидат меѓу оние среќните кои поминале уште една препрека.
“Можеби некому ќе му звучи чудно и нереално,но јас се соживувам со секој од нив. Денеска секојдневно ми се јавуваат, оние кои успеале да стигнат до својата крајна цел. Заедно се радуваме. Јас ги чувствувам како мое семејство. Еве денес примив порака од едно семејство со две дечиња, дека успеале да се најдат и да стигнат до Германија. Таму имаат роднини, па искрено се надевам дека ќе имаат и можност за нов почеток. Вистински успех, а јас бев дел од нивната приказна. Има ли поголема награда?”-додава Ленче Здравкин.
Со донесувањето на измените на Законот за азил, на мигрантите значително им се олеснува состојбата за влез и транзит низ земјава, добиваат медицински и правни совети. Но на терен реалната слика, објаснува Здравкин, покажува дека нивниот бројот постојано се зголемува, па оттука се потребни нови мерки за справување со состојбата. Според најавите вели, се очекува нов поголем бран на бегалци од Турција. Затоа таа порачува, институциите, невладиниот сектор, Црвениот крст и меѓународната заедница да најдат заеднички начин на делување, за да се справат со оваа состојба и со неизвесноста што допрва следи.
С.Б.

Слично