Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ленче Ристоска со надеж дека еден ден и политичарите ќе платат за криминалните дела

Ленче Ристоска со надеж дека еден ден и политичарите ќе платат за криминалните дела

Специјалната обвинителка Ленче Ристоска која е дел од тимот на Катица Јанева се најде во зборовите на новинари од австриски весник кој прави репортажа за работата на Специјалното јавно обвинителство.

Како што пренесува Дојче Веле Ристоска во интервју за австрискиот весник „Куриер“ вели дека СЈО како институција не е насочено кон одредено лице или партија, и не ја заштитуваат опозицијата.

„Ние не сме насочени кон одредено лице или партија, и не ја заштитуваме опозицијата. Но водиме истраги против одредени лица кои го прекршиле законот. Секој, кој го прекршил законот треба да одговара. Дури и ако тоа значи дека ќе го растресеме целиот политички систем“, вели специјалната обвинителка .

Ристоска во разговорот оценува дека предвидените 18 месеци за завршување на обврските на Специјалното обвинителство нема да биде доволни и очекува парламентот да го продолжи тој рок, иако засега нема најави за такво нешто.

Специјалната обвинителка во разговорот го коментира и значењето на фактот што три жени ги водат истражните постапки за корупција.

„За општеството тука во Македонија, кое во најголем дел е водено од мажи, ова е првпат жените на овој начин да можат да се обраќаат до јавноста и да бидат присутни. Тоа е момент кој придвижува многумина“, вели Ристоска.

Слично

Поврзани вести