ЛЕКС СПЕЦИЈАЛИС за обвинителот, сам ќе одлучува за соработниците!
Како што Фактор синоќа најави, договорен е начинот на избор на новиот Јавен обвинител, со посебен закон.
Актуелна обвинителка од Гевгелија Катица Јанева е Специјален обвинител
Во 5 часот наутро партиите постигнаа конечен договор за предлог законот за Јавно обвинителство, со кој се регулира работата и функцијата Специјален обвинител, објави пред малку Алсат М. Најверојатно ќе се гласа целосно нов закон, 'lex specialis', со кој се предвидува специјално обвинителство, и самиот обвинител да одлучи за бројот на соработници. Законот ќе се гласа денеска во Собрание. Во текот на ноќта не се очекуваше поместување за името на ЈО туку само за законот. Името ќе се договара денеска.
Слично
