Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лекови почнаа да се продаваат и по бензински и маркети

Лекови почнаа да се продаваат и по бензински и маркети
По бензински станици и во супермаркети започнаа да се продаваат ОТЦ препарати - лекови за кои не е потребен рецепт. Станува збор пред сè за лекови за главоболка, температура, болки во стомакот или воспалено грло. Нивната продажба и на бензинските пумпи и во супермаркетите беше овозможена со измени во Законот за лекови и медицински помагала, против кои остро реагираа фармацевтите. И покрај нивните реакции, одобренија за продажба на ОТЦ препарати веќе обезбедиле 130 локации кои не се регистрирани како аптеки, а во 10-тина од нив веќе и се врши продажба на лекови. Вкупно 108 лекови од ОТЦ-листата се достапни за продажба во супермаркети или на бензински станици, кои за тоа мора да исполнат и одредени услови за да добијат дозвола од Министерството за здравство.
Слично

Поврзани вести