Лекција за неуспех: Коосновачот на Фејсбук можеше да добие 10 милијарди долари
Хауард Шулц, извршниот директор на познатиот бренд за кафе Starbucks открива дека неговата компанија секој ден отвора по една продавница во Кина. Тој смета дека нивниот бизнис во Кина до крајот на годината кога ќе бидат остварени предвидените цели за раст ќе вреди повеќе од бизнисот кој го имаат во САД каде започна нивната авантура како иновативна компанија специјализирана само за продажба на кафе пијалоци.
Starbucks има вкупно 18.000 продавници низ целиот свет и неделжно услужува неверојатни 100 милиони муштерии. Според прогнозите на Шулц, Starbucks и натаму е компанија во развој која допрва ќе воведува нови иновативни понуди и ќе се спои со електронската трговија за дополнителни приходи.
Лекција за неуспех: Коосновачот на Фејсбук можеше да добие 10 милијарди долари
Крис Хјуз е еден од основачите на денешниот технолошки гигант Фејсбук кој остана со мал дел од богаството кое потоа го заработи директорот Марк Цукерберг. Настаните околу основањето на социјалната мрежа се добро документирани, но малку детали и се познати на јавноста за начинот на кој основачите преговарале со Цукерберг за тоа колкав треба да биде нивниот сопственички удел во компанијата.
Хјуз напиша книга „Мојот најуспешен неуспех“ во која објаснува дека не жали што добил само 2% од сопствеништвото на компанијата Фејсбук бидејќи тоа му е огромна животна лекција, но и секако голема придобивка бидејќи со тој процент на акции заработил 500 милиони долари.
Поранешниот колега и пријател на Цукерберг вели дека во 2006 година Јаху понудил 1 милијарда долари за преземање на социјалната мрежа Фејсбук, но младите програмери и студенти на Харвард решиле да не ја прифатат.
Затоа и подоцна тој решил да побара од Цукербег 10% сопственост на компанијата но, преговорите завршиле неуспешно и бил исплатен со половина милијарда долари. Денес вели дека не жали за одлуката бидејќи со тоа богаство живее доста удобен живот. Сепак, ако направел подобра проценка и почекал да порасне вредноста на акциите денес неговото богаство би изнесувало околу 10 милијарди долари.
