Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лекарска грешка: Пациент на дијализа починал од дезинфициенс во вена

Лекарска грешка: Пациент на дијализа починал од дезинфициенс во вена

Трагедија во болница во Хрватска. Шеесет и двегодишен човек починал откако медицински персонал во болницата за време на хемодијализа во вената му вбризгале недозволиво средство односно дезинфициенс. Според соопштението на болницата врз пациентот, кој бил во самоизолација поради контакт со заболен од коронавирус, завчера била извршена рутинска терапија на хемодијализа.

„За време на постапката интравенски е применето недозволливо средство кое инаку рутински се применува локално кај такви и слични постапки. И покрај моментно преземените мерки за максимално интензивно и реанимациско лекување, настапи мултиорганско затајување на органите и смрт на пациентот, па е индицирана обдукција – се наведува во соопштението.

Министерот за здравство, Вили Берош, во Загреб изјави дека во болницата е испратена здравствена инспекција и потврди оти постои сомнеж за стручна грешка.


Слично

Поврзани вести