Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лекарка за пари давала лажни ковид потврди и заврши во притвор

Лекарка за пари давала лажни ковид потврди и заврши во притвор

Уапсена е српска лекарка кој издавала лажни потврди за ковид и ги наплаќала. 

Припадниците на Одделот за антикорупција во Нови Сад, во соработка со членовите на Безбедносно-информативната агенција, уапсија три лица осомничени за сторени проневера со потврдите за вакцинација против коронавирус. Поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело злоупотреба на службената положба, полицијата уапси лекарка и уште две лица во Здравствениот дом Нови Сад. Се сомневаат дека лекарката искористувајќи ги своите овластувања издала потврди за вакцинација на повеќе лица, со што лажно покажала дека тие лица се вакцинирани.  Тие добија притвор од 48 часа.  Во светот имаше многу слични примери, каде луѓето не сакаа да се вакцинираат, а сака да добијат потврди и плаќаа за оваа услуга. Вакви случаи имаше во Словенија, Франција и други земји. 

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести