Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛЕКАРКА ВО ПОЛИТИЧКИ ВОДИ: Која е дамата која застанува на чело на Европската комисија?

ЛЕКАРКА ВО ПОЛИТИЧКИ ВОДИ: Која е дамата која застанува на чело на Европската комисија?

Новата претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, е конзервативка, родена и порасната во Брисел, а зборува германски, англиски и француски.

По професија е лекарка, која се впуштила во политички води и министерка во германската влада од 2005 година, кога Ангела Меркел стана канцеларка.

Во третиот мандат стана министер за обрана, прва жена во германската историја, и на таа положба останала во оваа Влада. Меѓутоа, ситуацијата во Министерството за одбрана не и била наклонета: прво избиле скандали со германските војници кои се блиски до радикалната десна идеологија и тоа не го криеле, а потоа се покажало дека германската војска е технички многу запуштена -авиони не летаат, тенкови не возат, топовите не пукаат, додека американскиот претседател Трамп се почесто зборува како Германија не издвојува доволно пари за војската.

Нејзините врски со Европската комисија се долги: нејзиниот татко, Ернст Албрехт, бил генерален директор во Комисијата, по нејзиното основање во 1958 година. По татковска линија влече потекло од угледни претприемачи. Омажена е за Хајк фонд дер Лајен, професор по медицина и прв човек на компанија за медицински инженеринг од влијателно семејство, а со него има седум деца.

Таа во партијата ЦДУ влегла во 1990 година, а активно почнала да се занимава со политика од 1999 година и набрзо влегла во локални органи на власта во Хановер.

Се споменувала и како можна идна секретарка на НАТО.

Нејзиното влијание се шири и надвор од германските граници. Таа е редовен гостин на Самитот во Давос, член на управниот одбор на Светскиот економски форум и членки за тајни групи Билдерберг.

Лидерите на ЕУ денес постигнаа договор за новото водство на европски институции и ја предложија германската министерка за одбрана Урсула вон дер Лајен за претседателка на Европската комисија, а шпанскиот министер за надворешни работи Жозеп Борел за нов шеф на европската дипломатија.

Слично

Поврзани вести