Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛЕКАРИТЕ ВООПШТО НЕ ГО ПРЕГЛЕДАЛЕ: Шефот на грчката железничка станица неколку часа по трагедијата добил боледување

ЛЕКАРИТЕ ВООПШТО НЕ ГО ПРЕГЛЕДАЛЕ: Шефот на грчката железничка станица неколку часа по трагедијата добил боледување

Шефот на железничката станица во Лариса по чија вина се судрија два воза и загинаа 57 луѓе, добил боледување без да го прегледа лекар. Тоа се случило неколку часа по несреќата. 

Грчките медиуми пишуваат дека 59-годишниот шеф на железничката станица во Лариса, кој е обвинет за несреќата добил боледување од двајца лекари од Волос, само неколку часа по трагедијата. Двајцата лекари се суспендирани и за нив е почната дисциплинска постапка. Тие му дале 30 дена боледување на шефот без преглед. За настанот истрага отвори и Министерството за здравство.

Десетици илјади луѓе денеска маршираа во главниот град Атина и во градовите низ Грција, протестирајќи поради смртта на 57 патници во трагичната железничка несреќа.

Работничките синдикати и студентските здруженија излегоа на демонстрации, а штрајковите ги запреа траектите до островот и јавните транспортни услуги во Атина, каде што протестираа најмалку 30.000 луѓе. Судири имаше во Атина и уште два града. Демонстрантите направија штети на продавници, автобуски постојки, а  запалија и комбе. 

Слично

Поврзани вести