Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лекарите-специјалисти ќе добијат зголемување на платите

Лекарите-специјалисти ќе добијат зголемување на платите
Специјалистите на Клиничкиот центар во Скопје ќе добијат зголемување на платите. Платите за специјалистите, субспецијалистите и наставно-научниот кадар вработени во Универзитетските Клиники ќе бидат зголемени за 19,2, објави министерот за здравство Никола Тодоров. Заедно со веќе реализираното зголемување на октомвриската плата од околу 4%, платите на лекарите-специјалисти ќе се зголемат за речиси 25%. „Овие средства порано одеа во џебовите на неколку поединци или во неколку компании. Ние донесовме одлука да се спротивставиме на ова и како резултат на тоа направивме заштеди и одлучивме тие да завршуваат кај оние кои на своите плеќи го носат здравствениот систем, а тоа се докторите специјалисти кои работат во клиниките во Скопје“, рече Тодоров. Покачувањето на платите на лекарите ќе се изврши на два пати - за 9,6% кои ќе биде исплатена во декември и 9,6% кои ќе бидат исплатени со платата во февруари. Одлуката на Владата и наМинистерството за здравство била донесена како резултат на заштедата од речиси 6 милиони евра, постигната во најголем дел на универзитетските клиники со последната спроведена централизирана набавка на лекови за јавните здравствени установи со овозможен паралелен увоз. Покачувањето го поздрави и Синдикатот на Клинички центри. „Со овој договор се надмина една нереална состојба да специјалистите и субспецијалистите на Универзитетските Клиники се помалку платени од своите колеги во другите Јавни здравствени установи“, се вели во соопштението на Синдикатот.
Слично

Поврзани вести