Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лекарите сложни: Ако не сака да не види Тодоров, ќе не гледа Груевски!

Лекарите сложни: Ако не сака да не види Тодоров, ќе не гледа Груевски!
Доколку и натаму министерот Тодоров ги игнорира и тврди дека нема штрајк лекарите најавуваат дека ќе го радикализираат штрајкот, и дека ќе одат пред Владата од понеделник. „Просторот пред министерството е премал за да не собере“ велат од независниот синдикат. Денеска повторно беа пред портите на министерството, а ќе го прават тоа и до крајот на неделава. Кон нивниот получасовен протест пред министерството освен лекарите, се приклучуваат и медицинските сестри, но и останатиот медицински персонал. „Како што гледате видливоста расте, тоа е одразено во бројката. Бројката е дискутабилна, некои ја гледаат како 400, некои како 40.. Бев изненаден од тоа што на интересирање на премиерот за ова случување, немаше одговор од страна на министерот, односно беше изигнорирано. Што ме зачуди, едноставно како релација меѓу министер и премиер“, изјави денеска меѓу другото, д-р Дејан Ставриќ, претседател на самостојниот синдикат на клинички центар. Денеска премиерот, пак, рече дека тие ќе мора да го прифатат плаќањето по учинок. И проектите како воведувањето на ДДВ и фискални каси предизвикаа голем револт кај граѓаните мислејќи дека со нив ќе пропадне македонската економија, па на крај се покажаа како добри и реформски. Вака одговори премиерот Никола Груевски на прашањето на пратеникот од СДСМ, Менде Диневски кој праша кога ќе биде ставен во мирување проектот во здравството, плата по учинок. „Едно истражување спроведено меѓу лекари и специјалисти покажало дека 94,7% сметаат дека не е фер проектот, 89% сметаат дека се однесува негативно во колективот, 76,6% велат дека непотребно го стимулира бројот на прегледи, 53 %сметаат дека негативно се одразува врз пациентите. Лекарите велат дека се случува на едно дежурство да има 15 пациенти а на друго само 3, и сега премиере дали тој што имал 3 пациенти да има помала плата? Па тие не работат во фабрика па да фаќаат норма“, праша Динески. Цитирајќи ја стратегијата во здравството, премиерот Груевски истакна дека морало да се мери и работењето на лекарите и дека така ќе биле стимулирани да работат повеќе и да вложуваат во себе. „Цврсто сме убедени дека мрката ќе помогне лекарите повеќе да вложуваат во пациентите. Со тек на време ќе се види дека ова е добра мерка“, додаде Груевски. Но, лекарите сметаат дека Владата не сака да ги чуе. „Министерот очигледно не не слуша. Ќе треба да покажеме дека сме многу. Заради доброто на пациентите ние не сакаме да излегуваме, имаме само претставници тука. Но очигледно не е доволно“, додаде Билјана Анѓелковиќ, од одборот на медицински сестри. Освен на скопските клиники, штрајкот во јавното здравство се одвива паралелно и во другите градови. Поради силните притисоци во тетовската клиничка болница специјалистите штрајкуваат само на своите работни места. За разлика од нив, докторите од болницата во Штип 7-ми ден по ред излегоа да го изразат својот револт. Денеск, по Штип, Куманово, Струмица, кон штрајко се приклучи и Охрид. Лекарите добија поддршка и од здружението АМАН. .
Слично

Поврзани вести