Лекарите нема да оперираат додека Тодоров не поднесе оставка
Денешниот хаос во скопската Клиника за абдоменална хирургија ги дигна на нозе лекарите од болницата.
Лекарите се собраа во Амфитеатарот на Хирургија и одлучија од утре да прекинат со сите операции, се додека не им се исполнат барањата.
Тие бараат морална одговорност од министерот за здравство Никола Тодоров и измени во законот за заштите на докторите.
„ Морална одговорност од министерот за здравство, законот за здравствена заштита да се врати како тој пред 2011 година, од кога со измените лекарите се доведени во ваква состојба и Лекарската комора да предложи закон за лекари кој Владата ќе го прифати без забелешки" - беше побарано на денешната средба.
Лекарите нема да оперираат додека нивните барања не се исполнат.
Од друга страна пак, министерот Тодоров одби да даде оставка, бидејќи не чувствувал вина за несреќата зашто не можел да ја спречи.
Во денешната несреќа во болницата, беше повреден хирург на абдоменалната хирургија, откако во него пукаше револтиран маж, чија мајка починала во болницата.
