Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лекарите ќе „дежураат“ и на Фејсбук

Лекарите ќе „дежураат“ и на Фејсбук
По проектот „Ало, докторе“ со кој се воведе телефонска линија на која пациентите можат да им поставуваат прашања на дежурни лекари, сега сличен концепт се воведува и на Фејсбук. Министерството за здравство иницира Фејсбук страница „Здрава бременост“ на која идните родители ќе можат да поставуваат прашања за текот на бременоста. На прашањата секој ден ќе одговараат лекари-гинеколози. Прва денеска на прашањата ќе одговори д-р Марија Хаџи Лега, директор на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство. „Прашањата може да ги поставувате во коментар или во приватна порака, а одговорот ќе го добиете во приватна порака. Одговорите на најчесто поставуваните прашања ќе бидат и јавно споделени (анонимизирано, без објавување на лицето што го поставило прашањето), со цел информирање на пошироката јавност. Со ваквиот начин на комуникација Ви овозможуваме директно и непосредно да добиете стручен совет, а со тоа да го заштитите здравјето на мајката и детето“, истакнува Министерството за здравство на Фејсбук страницата.
Слично

Поврзани вести