Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лекарите ја бојкотираат работата револтирани од медиуми, Тодоров ги поддржува!

Лекарите ја бојкотираат работата револтирани од медиуми, Тодоров ги поддржува!

Лекарите од Клиниката за дигестивна хирургија ја бојкотираат работата поради револт од јавноста, односно им се лути на медиумите поради известувањето за случајот со хирургот во кој беше пукано од огнено оружје.

Директорот на дигестивна д-р Караѓозов истакнал дека одредени написи во медиумите повикувале на линч кон лекарите со што не се чуствувале безбедни а министерот Тодоров им дал целосна поддршка во бојкотот и одлуката која ја донел лекарскиот колегиум.

Инаку, во наредните три дена вратите на операционите сали ќе бидат затворени со исклучок за итни случаи, нема да има операции ниту прегледи.

Министерот Тодоров пак преку соопштение ја нагласува сериозноста на состојбата во која се наоѓаат лекарите дека и тие биле луѓе со чувства и не ги оправдува примитивните и криминални дејствија кои се прават врз докторите.

Од опозициската СДСМ пак денеска го повикаа премиерот да го смени министерот за здравство Никола Тодоров.

„Никола Груевски и Никола Тородов ги спасуваат тендерите и сомнителните зделки во здравството наместо пациентите и лекарите. По сите смртни и сомнителни случаи за време на министерувањето на Тодоров, поради се што им направи на лекарите и пациентите, граѓаните велат доста е“, велат од СДСМ.

Пациентите се препуштени на сами на себе а граѓаните се прашуваат каде оди македонското здравство?

Слично

Поврзани вести