Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛЕКАРИТЕ ГО РЕАНИМИРАЛЕ БЕБЕТО ЦЕЛ ЧАС, МАЈКАТА ПРЕЖИВЕА, ДЕТЕТО НЕ - Морничава сообраќајка кај Кладово

ЛЕКАРИТЕ ГО РЕАНИМИРАЛЕ БЕБЕТО ЦЕЛ ЧАС, МАЈКАТА ПРЕЖИВЕА, ДЕТЕТО НЕ - Морничава сообраќајка кај Кладово

Најмалку пет лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи вчера нешто по 18 часот, на самиот излез од Кладово кон Неготин во соседна Србија. Во еден од автомобилите била трудница која и покрај огромната борба на лекарите го изгубила своето бебе.

- Несреќата се случила на половина километар од излезот од Кладово, во правец кон Неготин, на кривина. Од Кладово со еден автомобил тргнале четири лица. Според првите информации, во автомобилот од правец на Неготин бил само возачот, постар маж, кој изгубил контрола над воланот и од страна удрил во автомобил кој доаѓал од Кладово. Од силината на ударот автомобилот од Кладово слетал во ендек - објавува „Курир.рс“ повикувајќи се на неофицијални изјави од полицијата.

Автомобилот кој тргнал од Кладово го управувал пожарникар М.Ч., стар околу триесет години. Зад сопатникот седела неговата сопруга, докторка во Здравствен дом Кладово.

- Кога автомобилот слета во ендек, буквално сите во автомобилот паднаа и ја згмечија бремената докторка Ј.Ч. За неколку минути пристигнала полиција и две возила на итната помош и повредените веднаш биле префрлени во болница. Младата бремена докторка итно била префрлена во болница и започнал царскиот рез. Четворица лекари се втурнаа во салата еден по друг. Успеале да ја спасат својата колешка, но бебето било извадено без никаков знак на живот. Инаку, бебето осум месеци било во стомакот на мајката, а само 12 дена ги делеле за да влезе во деветтиот месец. Лекарите цел час го реанимирале бебето обидувајќи се на секој начин да го оживеат, но за жал безуспешно. По царскиот рез, младата жена веднаш била префрлена во Белград - дознаваме неофицијално од извор близок до истрагата.

Веднаш е направен ултразвучен преглед во белградската болница и констатирано е дека царскиот рез е изведен совршено со оглед на повредите. Лекарите од Кладово успеале да го спасат животот на млада колешка и за време на царскиот рез и борбата за живот на младата жена.

- Ортопедот ги испратил четворицата повредени во Ниш, патниците од Кладово и чичкото кој удрил во нивното возило. Сопругот на младата докторка, кој управувал со автомобилот, за среќа не се здобил со сериозни повреди, освен набиеници и гребаници– изјавил извор за Курир.

Слично

Поврзани вести