Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛЕКАРИТЕ БИЛЕ ПИЈАНИ: Дојран во шок, погребани родилката и мртвороденчето

ЛЕКАРИТЕ БИЛЕ ПИЈАНИ: Дојран во шок, погребани родилката и мртвороденчето

Според информации на Сител анализите покажале дека кај двајца лекари кои учествувале во породувањето на родилката која завчера почина во гевгелиската болница е констатиран алкохол во крвта при што добиле суспензија додека трае истрагата за случајот.

Дојранчани скршени од тага со солзи во очи и срцата се простија од Маја К. која почина во текот на породувањето завчера заедно со новороденчето кое не успеа да го донесе на свет.

Според роднините и пријателите Маја и нејзиниот сопруг биле сложно семејство и живееле убав брак веќе седум години.

„За нас е неприфатливо како можела нашата Маја здрава и права да почине“, изјавија роднините на покојната.

Засега гевгелиската болница останува без анестезиолози . Поради немањето кадар породувањата ќе се вршат во струмичката болница.

Од ЈО велат дека истрагата е во тек а на случајот работи и комисијата што ја формираше министерството за здравство.

Сопругот истакна дека ќе бара правда за неговата покојна сопруга.

Слично

Поврзани вести