Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛЕКАРИТЕ БАРААТ ЗАТВОРАЊЕ: Во Србија има 4.576 заболени од коронавирусот

ЛЕКАРИТЕ БАРААТ ЗАТВОРАЊЕ: Во Србија има 4.576 заболени од коронавирусот

Растат бројките на заболени од коронавирусот во Србија, а српските епидемиолози бараат итно затворање. 

Во изминатите 24 часа се регистрирани 20 починати, а од 16.816 тестирани примероци, 4.576 се позитивни на коронавирус, објави Министерството за здравство.

Зголемен е и бројот на пациенти во ковид-центрите во болниците низ Србија – денеска има вкупно 4.279, од кои 189 на респиратори. Во однос на бројот на новозаразени, Белград сè уште води – 1.331, додека над 300 заразени имаат Нови Сад (359) и Ниш (304).

„Седницата на Кризниот штаб е одложена, тоа е вистина. Зошто е одложена, во моментов немам одговор“, рече епидемиологот и член на штабот, доктор Предраг Кон.

Кон го повтори претходното предупредување и барањето на медицинскиот дел од Кризниот штаб дека сите активности со ризик од ширење на инфекцијата мора да бидат заклучени на најмалку една недела. Слична е состојбата и во други земји од регионот. Се враќаат рестрикциите. 

Д-р Радмило Јанковиќ, заменик директор на Клиничкиот центар во Ниш и директор на Клиниката за анестезија и интензивно лекување рече дека тинејџерите го пренесуваат вирусот. 

Слично

Поврзани вести