Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лекар заразен од жолтица, епидемијата стивнува

Лекар заразен од жолтица, епидемијата стивнува
Лекар во Скопје е меѓу новите седум случаи на заразени со жолтица. Ова е втор случај доктор да се зарази со жолтица прегледувајќи пациент од почетокот на епидемијата, информираат од скопскиот Центар за јавно здравје. Од последните заразени со овој вирус, најмладиот пацинет има само три години, а највозрасниот 53. Двајца се од Шуто Оризари и по еден од Чаир, Аеродром, Центар, Кисела Вода и од Ѓорче Петров. Со седумте новопријавени случаи, бројката на заразени со жолтица во главниот град се искачи на вкупно 107, од кои 20 се под лекарски надзор на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Според министерот за здравство Никола Тодоров, бројката покажува дека епидемијата на жоилтица го намалува интезитетот. „Се контролираат и школите и градинките, се преземаат сите мерки наредени од страна  на Комисијата за заразни болести. Очекуваме мерките што ги преземаме да дадат ефект. Од податоците коишто ги добиваме гледаме дека епидемијата стивнува“, вели Тодоров.

Два нови случаи на заразна жолтица се регистрирани и во Штип, каде бројот на заболени се искачи на 56. Во Скопје епидемија на жолтица беше прогласена на 22 август, а во Штип неколку дена претходно.

Заразната жолтица е заболување кое се пренесува по фекално-орален пат, односно вирусот од болно лице се исфрла преку фецес, најчесто со нечисти раце при внесување храна или вода. Вообичаените контакти меѓу луѓето не придонесуваат за ширење на болеста.

Слично

Поврзани вести