Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лекар тврди дека директор го исфрлил како партал од состанок

Лекар тврди дека директор го исфрлил како партал од состанок
Нестор Поповски, шефот на интензивна нега на Клиниката за токсикологија во Скопје, денеска информираше дека економскиот директор Никола Ташев  го навредил и физички го исфрлил од состанок. Вели дека е ова недопустливо затоа што е лекар со 37 годишно работно искуство, а инцидентот настанал без причина. Група лекари тој ден  барале состанок со Ташев за да му посочат одредени проблеми во работењето на клиниката, но тој не ги примил. Подоцна Ташев ги свикал на состанок, по што дошло со негово исфрлање. Сепак, Поповски не сака да поднесува тужби, но одлучил случајот  да го пријави  во професионалните лекарски здруженија, раководството на Клиничкиот центар и синдикатот. Од клиниката го демантираат докторот и велат дека немало физички контакт, туку бил отстранет со повисок тон. Велат дека изјавата на докторот е целосно невистинита. „Сметаме дека истата е тенденциозно доставена до вас, со цел да се создаде искривена слика за работењето на Универзитестката клиника за токсикологија и за работењето на раководството на Универзитетскат клиника. Сакаме да истакнеме дека д-р Нестор Поповски со ништо не беше предизвикан, на седницата на Стручниот колегиум на Универзитетскаат клиника која се одржа на ден завчера,  тој грубо ја нападна д-р.Лидија Петковска, овластен потписник на медицинска документација и со недолично однесување го попречуваше работењето на Стручниот колегиум“- реагираат од клиниката. Оттаму велат дека немало физичка пресметка ниту напад на докторот.    
Слично

Поврзани вести