Лекар од Хрватска на „црно“ вакцинирал во БиХ и си наплаќал
Вакцинирал на „црно“ и земал по 250 евра од доза.
Лекар од Хрватска, М. З. (60) е обвинет за неовластено обезбедување на медицински услуги, затоа што наводно вакцинирал неколку граѓани на БиХ „на црниот пазар“ и наплаќал 300 до 500 марки по доза. Полициското одделение Градишка информираше дека М.З. се сомничи дека, спротивно на важечките прописи на РС, тој обезбедувал медицински услуги во областа Кобаш во општина Србац. Истражителите едвај пронајдоа сведоци. Целата работа е откриена кога граѓаните почнале да се јавуваат во локалните здравствени центри и во РС Институтот за јавно здравје, тврдејќи дека ја примиле првата доза и дека сакаат да се изврши повторна вакцинација. Ова се случило додека во БИх немаше вакцини против коронавирусот.
Во светот имаше повеќе примери каде лекарите се обидоа да профитираат така што наместо вакцини на граѓаните им вбризгувале вода или физиолошки раствор. Вакви примери имаше во Италија, Индија, Мексико, Полска.
