Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛЕКАР КОЈ РАБОТИ НА ОСТРОВ: Овде ми е одлично, не планирам да заминам

ЛЕКАР КОЈ РАБОТИ НА ОСТРОВ: Овде ми е одлично, не планирам да заминам

Лекарот Синиша Цар за кратко време стана најпознат лекар во Хрватска затоа што отиде да работи на островот Мијет во местото Бабино поле.

Тој се јави на повикот да работи на островот каде очајно на населението му е потребен лекар.

Лекарот од Вараждин стана познат во 2011 година кога вгради електростимулатор на пациент. Сите лекари од негов ранг бараат работа надвор од границите на Хрватска, а тој го направи спротивното.

„Животот може да донесе сешто, така што не можам да предвидам што ќе се случи во догледно време. Само знам дека овде на Мијет ми е одлично и засега не планирам да заминам“ - раскажува лекарот.

Тој е љубител на уметноста и триатлонец. Вели дека на островот културниот живот е занемарен за разлика од север.

Нуди стан и храна за луѓето кои сакаат да дојдат на Мијет за да го збогатат културниот живот на заедницата.

Слично

Поврзани вести