ЛЕГНА ЕВРООБВРЗНИЦАТА: Пензии ќе има, ама каматата ќе изеде 69 милиони евра!
Стасаа 270 милиони евра. Овие пари се заем, еврообврзница која Македонија ќе треба со годишна камата од 5,125% да ги врати во наредните 5 години. Тоа значи дека Македонија ќе врати вкупно 69 милиони евра на име камата или по нешто над 13 милиони евра годишно.
Инаку овие пари дел од нов ќе се искористат за плаќање на старата еврообврзница. Во вторник достасуваат 150 милиони евра од старата еврообврзница од 2005 година, кои државата треба да ги врати кон странските кредитори. Министерството за финансии соопшти и дека вчера им се исплатени ноемвриските пензии на пензионерите.
Пред околу две недели преку евробврзницата на странскиот пазар Македонија се задолжи со 270 милиони евра. Министертсвото за финансии првично планираше да издаде еврообврзница од половина милјарда евра, но под притисок на дополнителниот заменик министер Кире Наумов, таа сума беше преполовена.
Слично
