Легија: Безбедносните служби го убија новинарот Чурувија
Милорад Улемек Легија е еден од клучните сведоци во судскиот процес кој се води против Радомир Марковиќ, екс шефот на српската државна безбедност и неколку негови соработници исто така од безбедносните служби, осомничени за убиството на новинарот Славко Чурувија на некогашен Телеграф.

Легија пред судот посочи дека се сретнал со Марковиќ во неговата канцеларија и тој му пренел повеќе информации за нарачаното убиство на Чурувија кој подолго време бил следен од властите како личност која влијае врз јавното мислење со бројните критики против власта.
Во убиството учествувале и агентите Ратко Ромиќ и Милан Курак, како и Милан Радојниќ шефот на белградското биро за државна безбедност. Курак е директен извршител на убиството, додека пак Ромиќ со дршката од пиштолот ја удрил по глава Бранка Прпа, пријателката на Чурувија. На нив им се заканува казна до 40 години затвор, а само Курак е во бегство.
Легија кој и самиот е поврзан со безбедносните служби и српското криминално подземје тврди дека претходно не сакал да сведочи бидејќи примил бројни закани за ликвидација, но сега конечно ја говори вистината за да си ја врати честа.
Извор: kurir.rs