Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛЕГАЛИЗАЦИЈА: Продолжен рокот до 31 декември годинава

ЛЕГАЛИЗАЦИЈА: Продолжен рокот до 31 декември годинава

Имателите на инфраструктурните објекти кои треба да поднесат барање за легализација на нивните инфраструктурни објекти тоа ќе може да го направат до крајниот рок кој Собранието реше да го продолжи а тоа 31.12.2015 г.

Според постоечките податоци од Министерството за транспорт и врски досега се поднесени 2592 барања за  легализација на инфраструктурни објекти.

Пред три дена Владата реши да го усвои предлогот за измени на Законот за катастар на недвижности кои се по барање на инвеститорите.

Со овие законски измени е предвидено  секое  решение издадено од општините или Министерството за транспорт и врски со кое се одобрува изградба на нова инфраструктурна градба (пример Решение за изградба на оптички кабел ), да биде основ за  предбележување на инфраструктурата во катастарот.

„По предбележувањето, Катастарот ќе издаде Лист за предбележување на инфраструктурниот објект,  со кој инвеститорот  ќе може да го заложи пред деловните банки, со цел да добие дополнителни средства за реализација на инвестицијата. На овој начин, исто како и кај предбележувањето на згради, очекуваме и предбележувањето на инфраструктурните објекти да придонесе за  експанзија на градењето на нови инфраструктури“, посчуваат од Агенцијата.

Вкупно 855 е бројката на запишани инфраструктурни објекти, а 80 од ние се водови, оптички кабли, бакарни кабли, ски-лифтови и други инфраструктури со вкупна должина од 7.435 км, додека преостанатите 775 се базни станици во сопственост на македонските телекомуникациски оператори.

Слично

Поврзани вести