Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лебот поефтинува во Скопје-Што е со другите градови?

Лебот поефтинува во Скопје-Што е со другите градови?

Поради поефтинување на српското брашно кое Македонија го увезува, од мелничарско пекарската индустрија најавуваат намалување на цените на лебот.

Имено, според најавите цената ќе падне за околу два до пет денари во зависност од грамажата во главниот град додека во останатите градови ширум земјава цените најверојатно ќе се задржат на исто ниво поради како што велат надлежните цените таму веќе се пониски.

Барање за намалување на цената на лебот искажаа и земјоделците, кои пак побараа по 2 денари од килограм пченица.

Надлежното министерство пак вели дека е во комуникација со мелничката индустрија и земјоделците за ова прашање и во моментов се разгледуваат решенија за барањата.

Слично

Поврзани вести