Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛЕБОТ Е НАЈСКАП ВО ДАНСКА: Во кои земји храната, пијалоците и тутунот се најевтини?

ЛЕБОТ Е НАЈСКАП ВО ДАНСКА:  Во кои земји храната, пијалоците и тутунот се најевтини?

Иако инфлацијата во Европската Унија(ЕУ) е 2,6 проценти, најновите податоци од Евростат покажуваат големи разлики во цените на основните прехранбени производи меѓу земјите-членки.

Лебот, житарките и рибата се најскапи во Данска, додека Романија има најприфатливи цени за овошје, зеленчук и компири. Луксембург е на врвот како најскапа земја во Европската Унија кога станува збор за сета храна, додека Финска е најскапа за алкохолни пијалоци, пишува Euronews.

Во просек, храната сочинува 16 проценти од вкупната потрошувачка на домаќинствата во ЕУ, додека безалкохолните и алкохолните пијалоци, како и тутунот, сочинуваат по 2 проценти.

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести